Мијалков пали свеќа додека му го запленуваат богатството

by fokus

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков го одбележа христовото воскресение, Велигден во Соборниот храм во Скопје.

На преносот во живо од централната литургија која се емитуваше во саботата вечерта, за овој христијански празник, Мијалков беше снимен и граѓаните го забележаа на екраните покрај свеќите

Следниот ден на својот Фејсбук профил, Мијалов им го честиташе празникот на граѓаните.

-Христос Воскресна ! Светлината на Велигден нека донесе здравје, радост, љубов и духовен мир во сите домови. Вербата нека ни даде сила и разум да ги надминеме сите искушенија.
За многу години празникот !, порача тој.

Инаку Мијалков во четвртокот беше осуден на една и пол година затвор за „Плацевите на Водно“, а претходно му се досудени две неправосилни пресуди, 12 години за незаконското прислушување и 8 за случајот „Трезор“.

Обвинителството пак деновиве соопшти дека е завршена истрагата за „Империја“ и дека запленетиот имот во оваа истрага, во кој еден од осомничените е Мијалков, вреди повеќе од 32 милиони евра поврзани со кривично дело перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот.

Мијалков моментално се брани од слобода.

Поврзани новости