650
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска се појави во Кривичниот суд на судењето за случајот „Таргет и Тврдина“, кое е во тек.
Минатото рочиште, кое требаше да се оддржи на 16 октомври, се одложи бидејќи Мијалков го известил судот дека е позитивен на Ковид-19.
Денеска тој влезе во судница, поради што обвнителството продолжи со изведување на материјални докази.
Во овој предмет покрај Мијалков, обвинети се и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, екс министерката Гордана Јанкулоска и уште неколкумина вработен во УБК. Според обвинението им се суди за масовното незаконско прислушување во периодот од 2008 до 2015 година, како и за уништување на опремата за прислушување.