Мијалков останува во притвор во “Шутка”

by fokus

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, останува во притвор во истражниот затвор “Скопје”, бидејќи Апелација му ја одби жалбата и ја потврди одлуката на Кривичниот суд, потврдија од второстепениот суд за “Фокус”.

Мијалков нудеше гаранција од 10,8 милиони евра за да се брани од слобода, но таа не беше доволна ниту за Апелација. На барањето да излезе од притвор со гаранција се спротивстави и вишиот обвинител Бурим Рустеми.

Мијалков неодамна беше осуден на 8 годишна казна затвор за случајот „Трезор“. За случајот со нелегалното масовно прислушување „Таргет и Тврдина“, пак, поранешниот директор на УБК беше осуден на казна затвор од 12 години.

В.В.

Поврзани новости