1K
Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, од денеска оди во притвор во истражниот затвор „Скопје“, односно мерката куќен притвор му се заменува со ефективен притвор.
Построга мерка за обезбедување побара обвинителката Ленче Ристоска, откако денеска Мијалков беше осуден на 12 години затвор. Тој во затворот „Шутка“ ќе биде спроведен од неговиот дом.
Судијката Џенета Бегтовиќ ја задолжи полицијата Мијалков да биде спроведен од неговата домашна адреса во КПУ Затвор Скопје.