По денешното рочиште за предметот Титаник 2, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков одби да даде изјава за медиумите и да одговори на новинарските прашања за писмото кое пред неколку дена го упати до лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На излегување од судот тој само им рече на новинарите дека е дојден само за судењето.
Претходно, пред самиот почеток на рочиштето, на прашање од новинар дали поднел тужба против потпретседателот на партијата, Александар Николовски, Мијалков рече дека ќе чека прво одговор од Мицкоски на писмото.
Предметот Титаник 2 е за изборни нерегуларности и освен Мијалков во него се обвинети и претседателот на ДПА Мендух Тачи, како и четворица поранешни членови на ДИК. Мијалков е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а другите за злоупотреба на службената положба и овластување.