Мијалков нервозно кон судиите: Кажете да не се браниме, донесете пресуда и готово!

by fokus

На висок тон и во тензична атмосфера на моменти се одвиваше рочиштето за случајот „Таргет и Тврдина“, односно за незаконското масовно прислушување во УБК.

Поранешниот директор на УБК, во својство на обвинет вкрстено го испрашуваше сведокот Сашо Трајковски, вработен во Управата. На моменти Мијалков реагираше дека сведокот не одговара конкретно на неговите прашања, дека одговорите не му се усогласуваат со оние претходно дадени на записник и сл.

Судиите Владимир и Туфегџиќ и Џанета Бегтовиќ се вмешуваа во расправата, па Мијалков, изнервирано искоментира: „Кажете да не се браниме. Донесете пресуда и готово!“

Судијата Туфегџиќ пак му рече дека нема потреба од тензија.

-Ако мислите дека нас нешто ни одговара или не, имате погрешна перцепција, рече Туфегџиќ.

Мијалков ја смири топката, па со смирен тон продолжи да го испрашува сведокот.

Поврзани новости