Мијалков не е во домот на Водно, полицијата го бара и во Мериот

by Фокус

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не е во неговиот дом на Водно.

Како што дознава Фокус од извори во МВР, полицијата го бара и во хотелот Мериот, во косопственост на компанија на неговиот син.

Неофицијално, Министерството за внатрешни работи размислува да распише потерница.

Се обративме и до МВР, но од таму засега нема никаква официјална потврда или известување.

Инаку, веќе објавивме дека досегашните мерки на претпазливост на Мијалков му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот „Таргет и Тврдина“.

Поврзани новости