Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“.
Судењето за „Тортура“ минатиот пат беше одложено бидејќи во Судот не дојде обвинетиот поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков.
Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека Мијалков имал друга адреса на која ќе му се достави поканата за судското рочиште. Додаде дека не ја знае точната адреса, но како што посочи, живее под Панорама на Водно.
Обвинителите од СЈО побараа поканата на Мијалков да му се доставува во четвртоците, кога тој се пријавува во Кривичниот суд.
„Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Во „Тортура” обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.