Мијалков на слобода славел Нова година

by fokus

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, новогодишната ноќ ја поминал на слобода, односно надвор од струшкиот затвор.

Од Управата за извршување на санкции велат дека Мијалков користел право кое му го дава законот.

– Осуденикот имал право на слободен викенд од три дена кои ги искористил во посочениот период, одговорија за ,,Фокус” од Управата, потенцирајќи дека отсуството било од 29.12.2022 до 01.01.2023 година.

Екс директорот на УБК во затворот во Струга ја издржува тригодишната казна која му беше досудена за случајот ,,Империја”. Тој наутро заминува на работа, а навечер се враќа во затворот.

Пресудата му беше изречена на 8 јули, откако тој призна вина за „злосторничко здружување“ и „противправно стекнување имот“.

В.В.

Поврзани новости