845
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, предмалку излезе од истражниот затвор “Скопје”.
Тој од вечерва е на слобода откако денеска Апелација му го укина притворот, кој пред една недела му беше одреден за случајот “Плацевите на Водно”.
Апелација претходно му ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра, за да излезе од притвор одреден за случајот “Трезор”, но додека се спремаше, истиот ден му беше одреден нов за “Плацевите на Водно”. Денеска и оваа пречка беше отстранета.
Мијалков со првостепена пресуда е осуден на 12 години затвор за “Трагет и Тврдина” и 8 години за “Трезор”. Наскоро Апелација треба да одлучи и за нив, односно дали ќе ги потврди пресудите, ќе ги преиначи или ќе ги укине.
В.В.