Мијалков и Тачи празнично во суд

by fokus

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков утрово беше спроведен од затворот од Струга во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Тој во струшкиот затвор ја издржува тригодишната казна од случајот „Империја“.

Кривичното дело за кое се гони Мијалков во овој случај, „Примање награда за противзаконито влијание“ му застарува за пет месеци, или во април 2023 година. Тој се гони за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година.

Другите обвинети во случајот, пратеникот Мендух Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, и уште тројца поранешни членови на ДИК немаат можност да се спасат со застарување. Тие се гонат за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Случајот е во фаза на доказна постапка по вторпат, откако во декември 2019 година Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата од Кривичниот суд со затворски казни.

Повторување на судењето ќе има и за случајот „Таргет – тврдина“ односно за масовното прислушување за што Мијалков беше осуден на 12 години затвор. Апелација по повеќе од една година разгледување, и овој случај го врати на повторно судење и сега големи се можностите да застарат делата за коишто се гонеше поранешниот директор и во овој случај.

Зошто судиите од Апелација толку долго одлучувале за клучниот случај од поранешното СЈО сега испитува Судскиот совет.

Поврзани новости