Мијалков и Тачи на суд за договорено гласање за претставки во ДИК

by fokus

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи и екс директорот на УБК Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибрахими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски денеска ќе седнат на обвинителна клупа за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство.

Тачи и поранешните членови на ДИК се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, а Мијалков за „примање награда за противзаконито влијание“.

Во една од бомбите на Заев можеше да се слушне разговор помеѓу Мијалков и Тачи како се договараат за гласање за приговори во ДИК.

„Може ли да гласате сега за нас во Струмица“, вели гласот за кој Заев рече дека е екс директорот на УБК.

„Во Комисија? Да, може. Еве да се јавам одма“, вели Мендух Тачи.

Потоа, Тачи се јавува кај Бедредин Ибрахими, кој прифаќа да гласа онака како што му наложува неговиот партиски лидер, бидејќи „тие веќе се договориле за Чаир“.

Поврзани новости