Мијалков и се јавил на Русковска да се предаде под услов да добие куќен притвор

by Фокус

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во синоќешното гостување во поткастот на Истражувачката репортерска лабораторија говореше како течело предавањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, лани во февруари, кога тој исчезна во пресрет на изрекувањето на пресудата за случајот „Таргет Тврдина“.

-Вака течеа работите. Јас бев во канцеларија и ми ѕвони телефонот, гледам Сашо Мијалков и се збунив. Видете, ние се знаеме од 2007, соработувавме бидејќи тој беше директор – соработувавме и со директорот на БЈБ и со директорот на УБК, имав телефони и од едниот и од другиот. Се јавив, прво мислев дека некој се шегува нешто – рече Русковска.

Таа посочи дека Мијалков и рекол дека сака да се предаде кај неа. Потоа, таа го побарала нејзиниот шеф, републичкиот обвинител Љубомир Јовески, кој првично не ѝ одговорил бидејќи бил на тогашниот итен состанок што беше свикан во Владата од поранешниот премиер Зоран Заев токму за бегството на Мијалков.

-Му кажав на Јовески дека ми се јавил Милајков и дека сака да се предаде во ОЈО ГОКК. И така и се случи. Истражителите што се во обвинителството го чекаа долу. Јас воопшто не се видов со него затоа што обезбедивме просторија на вториот кат и тука се чекаше решението од судот за куќен притвор кој беше услов на Сашо Мијалков – да се предаде и да оди во куќен притвор. Првиот пат му реков јас морам да разговарам со републичкиот обвинител, јас таа одлука не можам сама да ја донесам. И кога ми се јави републичкиот обвинител јас му кажав дека Сашо сака да се предаде и дека услов е да биде во куќен притвор. Републичкиот обвинител се согласи со тоа – рече Русковска.

Поврзани новости