Мијалков и Јанева на слобода за новогодишната ноќ

by fokus

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, добија излез од затвор за новогодишната ноќ, односно празниците ќе ги прослават на слобода.

Како што појаснуваат за ,,Фокус” од Управата за извршување на санкции, двајцата ќе добијат денови кои законски им следуваат на слобода. Поточно, Јанева ќе користи денови од годишниот одмор, а Мијалков ќе искористи викенд.

Јанева 7-годишната затворска казна за случајот ,,Рекет” ја издржува во женското одделение во затворот Идризово. Додека, пак, Мијалков е во затворот во Струга, каде што треба остане три години по спогодбата за ,,Империја”.

Откако ќе одлежат дел од казната, затворениците ги следува годишен одмор од 20 дена, и еден слободен викенд во месецот.

Валентина Вурмо

Поврзани новости