Мијалков: Груевски не побарал од мене да му прикријам имот!

by fokus

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд ја даде својата одбрана како обвинет во случајот “Плацевите на Водно”.

Тој рече дека одговорно тврди дека не е виновен, дека не прикривал имот на Никола Груевски и дека во целата постапка се чувствувал како њабљудувач, бидејќи за него не видел ниту еден материјален или вербален доказ.

-Апсолутно е неточно дека сум помагал во прикривање на имот, ова го тврдам најодговорно, истакна Мијалков.

Тој истакна дека судот не мора да им верува на обвинетите, меѓу кои е и тој,  за тоа што ќе го кажат како своја одбрана, туку да им веруваат на доказите.

-Ова што ќе го кажам денеска, не значи дека вие како судија треба да ми поклоните верба. Како обвинет можам да кажам било што, како и останатите сообвинети. Можеби некој на минатото рочиште кажа невистина. Вие треба да поклоните верба не на нашите искази, туку на фактичката состојба. Во целата постапка ние не видовме ниту еден материјален или вербален доказ кој го поткрепува обвинението, истакна Мијалков.

Тој посочи дека можеби сведочењето на сведокот Алек Теранова, може да се смета на негова штета, но истакна дека ниту неговиот исказ не покажува дека сторил некакво кривично дело.

-Дали сум дал упатства, совети и предмети за да се стори некое кривично дело? Не, никогаш не сум дал совет за да се изврши било какво кривично дело, а тоа не сум го сторил ниту за овој случај, истакна Мијалков.

Тој дополни и дека тоа никој не го побарал од него.

– Неточно е. Никогаш некој од мене не побарал нешто слично, па ниту Никола во овој случај не побарал од мене да прикријам некаков имот. Единствениот доказ против мене, е исказот на Алек Ивановски, но и тој не потврди дека некој од мене побарал нешто вакво, истакна Мијалков.

На прашањето на адвокатот, пак, дали на располагање дал дале офшор фирма, која требало да основа нова фирма во Македонија, со кое ќе се клупат плацевите, Мијалков негираше. Тој истакна и дека не може да знае дали Груевски злоупотребил партиски пари.

-Ниту сум знаел, ниту сум можел да знам за било какви пари кои потекнуваат од кривични дела. Не сум можел да знам бидејќи никогаш не сум имал допир со партиската каса. Не сум ниту слушнал дека недостасуваат пари. Не сум знаел, а ниту сум можел да знам. Кога би недостасувало толкава сума, тоа не би можело да остане незабележително. Ова го тврдам најодговорно. Во текот на оваа постапка не видовме ниту еден материјален доказ, ниту еден вербален доказ за моја вмешаност, истакна Мијалков.

Тој истакна дека никогаш не сум имал пристап до документи и печати од офшор компании.

-Мислам дека јасно и недвосмислено се констатира оваа околност која на чиста правдина ми се става на товар.
Во текот на оваа постапка добив чувство на набљудувач, видов документи, кои не се однесуваат на мене. Мислам дека вие ќе поклоните верба единствено на фактичката состојба, истакна екс директорот на УБК.

В.В.

Поврзани новости