584
Таргети за прислушувње покрај стотината политичари, бизнисмени и новинари, биле и броевите на Александра Мијалкова, сопругата на Мијалков и на неговиот брат Влатко Мијалков.
Ова денес го откри сведокот Ѓорги Лазаревски, кој на прашање на обвинителот дали имало сензитивни таргети, ги посочи Александра и Влатко Мијалков.
На ова, со гестикулации, негодуваше екс директорот на УБК Сашо Мијалков.
Лазаревски заедно со Звонко Костовски со години прибирале докази од нелегалното прислушување во УБК, и подоцна ја открија аферата „Таргет“.