730
Стотици илјади членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат да ги води некој што лаже, напиша Сашо Мијалков на фејсбук, критикувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМЕН, Христијан Мицкоски. Тој сподели негова изјава дадена пред изборите, кога Мицкоски вели дека ќе си даде оставка ако ги изгубат изборите.
-На СДСМ му одговара прв човек на опозиција кој е навикнат на порази и одбива да се соочи со реалноста и одговорноста.
Време е за промени.
Време е за ново, сериозно раководство кое ќе ја добие поддршката од членството.
Време е за луѓе кои ќе знаат да заземат став и да го бранат со аргументи, напиша Мијалков.