855
Сашо Мијалков, доскорашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, денеска треба да се појави во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што е повикан да даде исказ, дознава „Фокус“.
Тој во ноември минатата година веќе еднаш беше во СЈО, како осомничен во случајот „Тортура“, но тогаш не даде исказ бидејќи побарал увид во доказите. Засега не е познато дали Мијалков повторно е повикан за истиот случај, или пак станува збор за друг предмет.
Мијалков е првоосомничен во случајот „Тортура“, поточно за сурово и нечовечко апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година.
Случајот „Тортура“, СЈО пред јавноста го презентираше на 28 март годинава.