403
Актерот Тони Михајловски, кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вчерашното гласање на пратениците на ДПМНЕ и коалицијата за уставни измени го оцени како предавство.
„Тој “жиг” сами ќе си го носат на својата кожа. Сами одбраа да прифатат непристојна понуда, иако буквално до вчера уверуваа дека ништо не може да ги “скрши”. И не се скршија. Се распрснаа на иљада парчиња. Џелатот успеа да ги заведе и освои. Си ги повратија во грло сите зборови кажани против него, и голтнаа. Докажаа дека заслужуваат место во први редови до нивниот нов лидер, кој покажа дека има “чудотворни” моќи. Тој може од криминалци да направи херои, па можеби и повторно министри“, напиша Михајловски на фејсбук.