Актерот Тони Михајловски се огласи за најавените протести утре во одбрана на идентитетот и името и им порача на тие што ќе излезат да внимаваат да не бидат наместени, затоа што, според него некој најверојатно пак сака да го престави Македонецот како терорист.
„Не ме заобиколува претчувството дека некој ги мести и прозива вмровците за нови обвиненија за тероризам, и бесконечни и безумни притвори. Како што веќе не наместија, да излеземе ѕверови желни за крв во очите на светот. Отворено сакаат да го поништат ВМРО-ДПМНЕ оти тогаш ќе им биде полесно во распарчувањето и распродавањето. Внимавајте Македонци, внимавајте – пишува Михајловски на својот фејсбук профил.
Тој тврди дека битката за Македонија мора да продолжи и тоа не само на 27-ми, туку секој ден.
„Сега треба вистинска борба за Слобода. Македонска Револуција. Борба која треба да биде систем, а не инцидент. И не треба да е само на 27ми. Таа треба да продолжи и на 28, на 29ти. Секој ден. И таа борба нема да се води само на улица. И не е само овде кај нас. Треба да се прошири секаде каде што има Македонци. И не треба да заврши дури не се избориме за основните човечки права. Да бидеме свои, на своето. Слободни. Да станеме за да се ослободиме, и не само на еден ден – пишува понатаму Михајловски.