Не се согласив да бидам пион, рече Зорана Михајловиќ на својата проштална прес-конференција како министерка за рударство и енергетика, откако не се најде меѓу кандидатите за министри во новата влада што вчера ги соопшти претседателот на Србија и на Српската напредна партија Александар Вучиќ.
-Не се согласив да бидам пион и можеби тоа е причината поради која сме денес овде. Немам причина да се каам за ништо, 10 години сум во владата, зад мене имам резултати и се што направивме заедно – изјави Михајловиќ.
Запрашана дали ќе остане во СНС, таа рече:
„Што се однесува до СНС, денес е денот за расчистување на сметките и цртање линија, а не за тоа да се зборува. За тоа како – со или без СНС – има време. Мислам дека ќе ми биде полесно да не гледам некои луѓе што го користат СНС како џубокс за богатење, исто како што ним ќе им биде полесно да не ме гледаат мене“.
Таа додаде дека верувам дека Србија има место во Европа и ЕУ. Како што рече, секогаш ќе се бори Србија да биде на Запад, а не на Исток.
=Што се однесува до приказната за Западот, односно ЕУ, претседателот многу добро знае каде треба да оди Србија и какви одлуки треба да донесеме, а јас воопшто не се сомневам во тоа – истакна Михајловиќ.