Стратегот на Болоља, Синиша Михајловиќ објави емотивна порака, откако доби илјадници пораки за поддршка, откако беше обелоденето дека боледува од леукемија.
Тој од утре почнува со терапии, а во емотивното писмо се заблагодари на сите кои се со него во овие тешки моменти.
„Постојат моменти во животот кога се борите против тежок противник, кога треба да пребродите или да се соочите со проблемот кој е комплициран за решавање. Сега доживувам таков момент, но имам среќа затоа што знам дека не сум сам. Имам голема поддршка. Овие денови примив позитивна енергија, многу пораки кои ми дадоа неверојатна снага, обврска и сигурност дека ќе ја победат борбата против леукемијата. Ги прочитав сите пораки и секоја ме погоди во срцето. Овие беа тешки моменти за мене.
Благодарам на сите претседатели на клубови во тимовите каде сум бил играч и тренер и оние со кој никогаш не сум работел, но покажаа почит.
Се заблагодарувам и на сите поранешни соиграчи и ривали низ години на фудбалските терени, фудбалерите кои сум ги тренирал и оние кои никогаш не сум ги водел, а подеднакво ми рекоа „Форца Мистер“.
Се заблагодарувам и на навивачите на „моите“ тимови и оние со кои сум се соочувал носејќи го другиот дрес. Многу од нив во минатото ми свиркаа и ме критикуваа, а овојпат ме охрабрија и ми напишаа „Нема предавање Синиша“.
Благодарам на сите, не само од светот на спортот, туку и од политиката, од светот на забавата, кои ми дадоа поддршка.
Благодарам и на сите обични луѓе, оние кои не ми се познати. Оние кои ме познаваат, знаат дека го ценам човекот по она што е, а не по она што го прави.
Ви благодарам на сите, ми снема солзи, сега сум подготвен за борба. Се гледаме наскоро“, вели Михајловиќ.