Михајло и Филимена Маневски биле во “Орка” кога СЈО правело претрес за “Империја”

by fokus

Обвинителката Лиле Стефанова во моментот сведочи на денешното рочиште за случајот “Рекет”.

На почетокот на рочиштето, на прашањето на судијката дали сведокот со некој од обвинетите е роднина или скарана, Стефанова рече:

“Не сум скарана, но не сум во добри односи со обвинетата Катица Јанева”.

Таа пред судот образложи како бил оформен предметот “Империја”.

-Во разговорите имаше експлицитни разговори меѓу лицата Орце Камчев и други лица, кои даваа сомнеж за сторени кривични дела. За овој предмет има повеќе службени белешки, четири или пет предмети беа превземени од скопското обвинителство, еден од Обвинителството за гонење на организиран криминал и еден од обвинителството во Битола, рече Стефанова.

Таа појасни дека наредбата за истрага била против 13 лица, а за пет имале собрано докази дека може да ја попречуваат истрагата или да се дадат во бегство.

-Осомничениот Камчев имаше двојно државјанство, има имот надвор од државата, и силно влијание врз сведоците. Цветан Панделески имаше грчка лична карта… поради што беше баран притвор, кој и беше определена.

Таа појасни дека осомничените биле чекор пред нив.

-Оваа истрага имаше една специфичност бидејќи осомничените успеваа да дознаат што превзема СЈО. Јас лично, а убедена сум и Катица Јанева, ги чувавме во најголема тајност. Кога истражителите влегле во домот на Камчев, тој веќе бил спремен и ги чекал, а таму бил и Зоран Милевски Кичеец. Телефоните веќе беа сменети, рече Стефанова.

Во канцеларијата на “Орка” ги чекало друго изненадување.

-Кога влеговме во “Орка” канцеларијата на Ненад Јосифовски беше исчистена, а таму беа Михајло и Филимрна Маневски, рече Стефанова.

Сведочењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости