Измените на законот беа предвидени за субвенционирсниот студентски оброк да продолжи да важи и за оваа академска година, затоа што со претходната верзија студентскиот оброк се однесуваше на академската година 2021/2022, порача претседателот на СДММ, Марко Михаилоски во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.
„Субвенционираниот студентски оброк е донесен по предлог на СДММ. Владата и парламентарното мнозинство го слушаат гласот на младите, на студентите и прави се за подобрување на нивниот стандард. Ако не се измените на законот, тогаш ќе се вратевме на претходната состојба, односно немаше да има субвенциониран студентски оброк“ , изјави Михаилоски.
Тој се осврна и на доброкреираните владини политики кои успеале да го подигнат студентскиот стандард, а и да ја намалат стапката на младинска невработеност.
Михаилоски исто така додава, дека за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога на студентските избори се тепале и бркале студенти, се краделе гласачки кутии, сега процесот на избор на студентските лидери е демократски и транспарентен.