Михаела Иванова од СДММ го повика Мицкоски да одговори зошто не им исплатил К15 на вработените во ЕЛЕМ

by fokus

Христијан Мицкоски не треба да се крие зад социјалните мрежи туку јавно да излезе пред граѓаните и да одговори на сите прашања кои се однесуваат на периодот кога тој раководел со ЕЛЕМ, го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Михаела Иванов од Социјал демократската младина на Македонија.

-Од оваа државна компанија вчера соопштија дека веднаш откако Мицкоски стапил на функцијата директор, АД ЕЛЕМ склучило договор преку непосредна спогодба, со две компании, во вредност од 10,5 милиони евра. Мицковски е должен да објасни пред јавноста за овој договор од 10,5 милиони евра. Зошто цената за ископ во овие договори е повисока од сегашната цена за ископ? Дали Мицковски бил дел од некои сомнителни шеми, по налог на Никола Груевски? Наместо да се заканува со тужби, како неговиот претходник Никола Груевски, Мицкоски треба да одговори зошто не им исплатил К 15 на вработените во АД ЕЛЕМ за 2017 година – рече таа.

 

Поврзани новости