Мигранти од Сирија (12) и Непал (19) најдени во две одвоени акции на МВР

by Fokus

МВР информира дека СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М.(23) од село Студеничани, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти’’.

На 13.10.2023 на делот од автопатот од наплатна станица Романовце кон Граничниот премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед во возилото „фолксваген бора“, кое го управувал, при што пронашле 12 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.

Вчера, пак, во 09.45 часот пред наплатна станица Демир Капија, на автопатот Градско – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на товарно возило „фиат дукато“ со крушевски регистарски ознаки, по што возачот ја намалил брзината, скокнал од возилото и го напуштил местото.

При преглед во возилото биле пронајдени 19 лица мигранти од Непал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости