Мигранти од Мароко пронајдени во товарен воз кај Криволак

by Fokus

На 25.08.2024 во 12.20 часот на Железничка станица Криволак, при запирање на товарен воз кој сообраќал на релација Граничен премин Богородица – Граничен премин Табановце, полициски службеници од Полициската станица Неготино пронашле пет лица мигранти од Мароко.

Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово за понатамошна постапка.

Поврзани новости