Мигранти од Куба фатени кај Гевгелија

by fokus

Македонската полиција вчера пронашла 7 мигранти од Куба во Гевгелија во возило управувано од велешанец.

Како што соопшти МВР, синоќа во 21:30 часот во близина на фабрика на ул. „7 Ноември“ во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода К.С.(63) од Велес, кој управувал патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки.

При извршена контрола во возилото биле пронајдени седум мигранти од Куба, кои се приведени во полициска станица.

Поврзани новости