564
Мигранти од Пакистан држеле во заложништво поголема група мигранти во селото Ваксинце, објави ТВ Алсат. Мотивите за делото сѐ уште не се разјаснети.
Телевизијата објавува дека СВР Куманово постапило по добиената информација дека во еден објект во селото Ваксинце, Општина Липково две непознати лица држат група на мигранти како заложници. По преземени мерки и активности во објектот биле најдени 21 мигрант, од кои двајца се лишени од слобода бидејќи според првичните информации тие ги држеле како заложници останатите 19 лица.