„МИДА“ РЕНТ А КАР ТУРС

by Fokus

Пишува Бранко Азески

Секое патување носи нов предизвик, нова енергија и нова содржина. Бенефитите од патувањата се мултидимензионални: се збогатува искуството на човекот, се збогатуваат знаењата за местата и се збогатуваат визиите. Она што сите луѓе нè става во ист кош е безбедноста и квалитетот на патувањето. Сите ние сакаме брзо, навремено и пред сè безбедно да дојдеме до посакуваната дестинација од нашето патување, без оглед дали патуваме приватно или е тоа бизнис-патување. Компанија што ги обединува квалитетот на возилото со кое треба да патувате, професионалноста на вработените, брзината на изнајмување на возилото и безбедноста што ја нуди на своите клиенти ја вбројува  „МИДА“ РЕНТ А КАР ТУРС во една од најдобрите компании од оваа дејност.

МИДА“ РЕНТ А КАР ТУРС е успешна и динамична компанија, каде што на едно место  е споено  искуството, младоста  и инвентивноста, што ги прави една од најдобрите  рент а кар агенции во државава, а менаџментот на чело со Данило Миновски, ја прави препознатлива по своите услуги што ги задоволуваат и индивидуалните потреби на клиентите креирајќи доверба кај многубројните корисници на нивните услуги.
            За оние помалку упатените, „МИДА“ РЕНТ А КАР ТУРС е присутна на нашиот пазар повеќе од 19 години, овозможувајќи модернизиран и лесен пристап за наем на возила, така што секој клиент ќе се чувствува безбедно и сигурно со секој поминат километар. Со седиште во Бизнис центарот „МИДА‟ и Меѓународниот аеродром „Скопје“ и со повеќе од 80 возила е една од најдобрите рент-а-кар компании во Македонија.

Клучен двигател во развојот на компанијата е нивната инвестиција во зголемувањето  и обновувањето на сопствениот модерен возен парк со нови возила, како и техничката подготвеност професионално да одговорат на потребите на клиентите. Безбедноста на патиштата е компонента на која постојано се осврнуваат и  ја надградуваат во нивната стратегија за одржливост, преку нови, квалитетни и пред сè безбедни возила. Нивните возила се внимателно одбрани за да обезбедат највисоко ниво на безбедност и комфор.

Како успешна, безбедна и лојална компанија, која нуди комплетна услуга е препознаена и веќе подолг период соработува со: Министерството за надворешни работи, Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи, Министерството за oдбрана и со други институции, а меѓу корисниците на нивните  услуги се и странските дипломатско-конзуларни претставништва акредитирани во Скопје: Амбасадата на САД, Амбасадата на СР Германија, Амбасадата на Р. Франција, Канцеларијата за врски на Р. Грција и многу други.

Преку Клубот имаа можност да се приклучат и да споделат искуства, контакти и знаење со цел остварување континуиран раст и поддршка на бизнисот.

Членувањето во еден ваков Клуб претставува привилегија бидејќи едукативните настани и средби во рамките на истиот се организирани на поинаков начин од стандардните семинари и обуки, каде што на еден релаксиран начин и во специјално опремена просторија членовите можат да го споделат своето искуство, да учествуваат во вмрежувањата со другите компании и институции, што овозможува креирање нови бизнис-можности на компанијата.

 

 

 

„Големината на нашата компанија е сочинета од задоволството на клиентите, професионалното работење и стремежот за успех. Неизбежниот факт за долгогодишното постоење е еден од клучните двигатели на нашата компанија, кој истовремено претставува мотив за проширување на нашите услуги.

Тоа што нашите клиенти ни веруваат, се чувствуваат безбедно и сигурно во нашите автомобили и тоа што знаеме дека сме придонеле за остварување на нивните цели за нас е „нема назад” во градење на уште поуспешен бренд.

Клубот на менаџери-претприемачи е одлично место за напредок на сите компании ориентирани кон успешна бизнис-приказна, а ние со задоволство ќе го продолжиме нашето членство и ќе го поддржуваме овој Клуб.‟  Данило Миновски

 

„МИДА” РЕНТ А КАР ТУС ја познавам сите овие 19 години, горд сум на тоа другарување и го кажувам како позитивен пример. Почна скромно, помеѓу косовската и нашата криза и направија бренд, кој се препознава и се развива многу успешно.

 

П.С.  Во следниот број ќе ви претставиме уште една членка на Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија. Ќе откриеме само дека е  консултантската компанија специјализирана за деловно и корпоративно право со докажана ескпертиза од областа на правен и економски консалтинг и акредитиран финансиски фасилитатор кој е дел од Проектот на УСАИД за развој и заштита на деловниот еко-систем.

 

 

 

Поврзани новости