МИ5 со предупредување: Голема закана од терористички напад во Велика Британија

by Fokus

Во Велика Британија е свикан состанок на владиниот комитет за вонредни ситуации наречен „КОБРА“.

На средбата ќе се разговара за безбедносните ризици кои произлегуваат од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Во Велика Британија зголемен е бројот на случаи на антисемитизам и исламофобија.

– Треба да се погрижиме британските системи да бидат безбедни и заштитени од терористичката закана, како што тоа секогаш го прави владата – изјави министерот за вештини и високо образование Роберт Халфон.

Британската разузнавачка агенција МИ5, задолжена за внатрешна безбедност, смета дека заканата од тероризмот е значајна во овој момент, што значи дека е веројатен или би можел да следи терористички напад.

Постојат две повисоки категории на ниво на закана: тешка, што значи дека нападот е многу веројатен, додека критичната закана значи дека нападот е многу веројатен во блиска иднина.

Поврзани новости