Ми се закануваа по живот и сега имам обезбедување, рече Реџепи

by Fokus

Пратеникот Кастриот Реџепи на денешната прес-конференција говореше за се што се случувало со него изминатите неколку денови, откако во четвртокот тој не се појави да гласа за недоверба на Владата на Македонија.

Тој порача дека имало одредени притисоци врз него изминатиот период и за тоа има пријава кај надлежни институции.

„Во текот на денот добив пораки, кои се пријавени во соодветни институции. Тоа се порака за закани по живот и поради тоа, имам обезбедување, не на мое барање“, рече Реџепи.

Поврзани новости