Околу 25 милиони евра, односно 1.53 милијарди денари ќе бидат поделени во рамките на годинашната програма за финансирање на проекти од областа на културата.
Министерството за култура ги објави резултатите од Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес, кои се поделени според области.
Во областа фолклорна дејност, други корисници, помеѓу оние на кои им се одобрени средства од буџетот е и фолк пејачката Виданка Ѓоргиевска (74).
Таа е изведувач на народни песни, која ја започна кариерата во шеесеттите години на минатиот век, а зад себе има голем број на албуми, но и турнеји во странство.
За нејзиниот проект ,,Бисери од бисер грло” на Виданка и се одобрени 120.000 денари, односно околу 2.000 евра.
Инаку, Ѓоргиевска пред неколку години беше актуелна со песната ,,Ми се стемни од политика” во издание на Сенатор Рекордс.
-Добро вечер Македонијо, добро вечер Македонци, мене ми се стемни од тие пусти политики – пее Виданка во песната која го привлече вниманието на јавноста со насловот.
Позната е и по песните ,,Е филмот ми пукна”, ,,Дај мажу да се напијам”, Од тебе ми коса побеле”, ,,Одново ВМРО се роди” и други.
Вики Клинчарова