Министерството за финансии ја информира јавноста дека во најкус можен рок ќе бидат ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“. Oттаму велат дека надлежниот сектор од Министерството за финансии заедно со економскиот оператор ангажиран за одржување на порталот работат на отстранување на техничкиот проблем којшто оневозможува пристап до податоците коишто се генерираат на порталот.
„Податоците коишто се објавуваат преку порталот „Отворени финансии“ како алатка за транспареност и понатаму ќе бидат достапни за јавноста. Јавноста ќе може да пребарува информации за реализација на буџетот, одделно по институции и извршени трансакции.
Порталот е промовиран со цел зголемување на транспарентноста на трошењето на буџетските средства. Податоците се ажурираат редовно согласно утврдената динамика на објавување на одделните категории податоци“ појаснуваат од Министерството за финансии.
Претходно Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро го осудува оневозможениот пристап на јавноста до информациите од Трезорот и бара итно да се врати во функција порталот „Отворени финансии“.