Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска изјави дека проширувањето е и ќе остане најсилната геополитичка алатка на Европската унија.
„Тоа е процес од кој корист имаат и постојните и идните членки. Мојата главна порака беше дека треба да започнеме искрена дискусија за внатрешните реформи, да бидеме подготвени кога идните членки ќе бидат подготвени“, изјави Мецола пред новинарите во Гранада.
Таа рече дека реформите мора да се спроведат бидејќи ако нешто не функционира за 27 членки, нема да може да работи со 32 членки или 35 членки, нагласувајќи дека Европската политичка заедница не може да биде замена за проширувањето на ЕУ.
„Кога земјите кандидати се подготвени да влезат во ЕУ, не можеме да кажеме, значи не сме подготвени“, рече Мецола, додавајќи дека земјите од Западен Балкан се надеваат дека тоа нема да им се случи.
Како што рече таа, на неформалниот состанок на шефовите на влади на ЕУ се разговарало за буџетот кој се протега до крај, но и за миграцијата и дека е можно за прв пат да се дојде до заедничко решение.