Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ за денешната ескалација во Собранието рече „втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници. Првата седница за пратенички прашања ја ескалираше нивниот вожд, премиерот Христијан Мицкоски, а втората ја ескалираа неговите партиски потрчковци“.
„Потполно малограѓански, насилнички и дерегулирано, во својство на растроени луѓе – пратениците на ДПМНЕ, постојано, вон сите норми на парламентарството, сите норми на нормалното комуницирање и вон сите норми кои се однесуваат на политичката дискусија помеѓу партиите во ова Собрание, се користат со најодвратни механизми за провокација и навредување. Анонимниот пратеник Зоранчо Јованчев кој се нема појавено на собраниската говорница, денеска го опцу претседателот на Левица, Димитар Апасиев, спомнувајќи го неговото семејство“ рече Мециновиќ.
Мециновиќ за Јованчев рече дека има две кривични пријави.
„Една за дивоградба во Лозово, а другата е за крадење на вода, за приклучок. Значи, се работи за дерегулирани луѓе кои во Собранието гледаат простор, не за политичка дискусија, туку за малограѓански сценарија. Така беше и со пратеникот Александар Велјановски кој заедно во комбинација со првоспоменатиот пратеник, пробаа насилнички да извадат сцена со која ќе избегнат одговори на прашањата на Левица. Нашата порака е дека не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ниту сега. Ние сме шестмина, тие се педесет и осум. Нека бидат уште сто и педесет – не се плашиме од бизнисмените на Мицкоски и неговите партиски потрчковци. Затоа што на секој насилнички одговор, ние ќе одговориме појако“ – рече Мециновиќ.