За пасокизацијата на СДСМ што први ја најавија од Левица, во дебатата на ,,Канал 77″, отворено зборуваше носителот на ИЕ 2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ: ,,Честа е да се натпреваруваме против СДС во секој случај, затоа што СДС редно е да отиде во историја”.
Мециновиќ со јавен апел до гласачите на СДСМ.
,,Ние дури и отворено се обраќаме до СДС – гласачите дека секој даден глас за СДС, во овој случај, е глас фрлен во бунар! Тоа е очигледно. Ги повикуваме да гласаат за нашата опција, за да се задржи тој лев контингент! Да не потпаѓаат, затоа што ние го носиме знамето на АСНОМ, ние го носиме знамето на партизаните! Да не учествуваат во уште еден проект како НСДП! Да не учествуваат во нешто што се нарекува повторно центар – лево! Центар – лево, всушност, значи: лево ветуваме, центар застануваме. Ние ги ветуваме правите левичарски вредности.
Ги повикуваме сите СДС – гласачи да размислат мудро и својот глас да го дадат на левата опција – ЛЕВИЦА, за да се сконцентрираат овие гласови во еден ЛЕВ ПОЛИТИЧКИ ТАБОР”“ рече портпаролот на Левица.
Амар Мециновиќ рече дека на неколку месеци пред изборите, СДС ја оставила пола држава без плата, што, според него, е одраз на матрицата со која владее партијата во распад.