Најава за петочни големи протести во Скопје.
Пред Собрание ќе протестираат вработените во судската и обвинителската администрација, ФЗОМ и Народниот правобранител.
Бараат повисоки плати, а револтот кај административците кулминираше пролетва кога за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд.
Според буџетот за идната година, тврдат дека не се предвидени средства за зголемување на нивните примања.
МВР презема посебни мерки за обезбедување на редот, па во периодот од 11 до 14.30 часот на централното подрачје на град Скопје ќе се спроведува посебен сообраќаен режим.
Од таму упатуваат и апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат службените лица.
Од Владата информираат дека ќе се продолжи со средби со претставниците на синдикатите и согласно буџетските можности ќе бидат реализирани барањата кои ги имаат.