На денешната седница, Методија Димовски е именуван за генерален секретар на Владата, информираат од Илинденска за Фокус.
Претходно, објавивме дека токму Димовски е фаворит за наследник на Мухамед Зекири, кој се повлече од функцијата по отворената истрага дека незаконски склучил договор без тендер за изработка на физибилити-студија за „Македонска пошта“.
Инаку, Димовски е член на Инспекцискиот совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, кој работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација, во меѓународни организации и како независен консултант.
Покрај него, во конкуренција за нов владин генсек беа и Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешна секретарка во Град Скопје, Магдалена Филиповска-Грашковска претседателката на Инспекцискиот совет.
В.С.