Актерот Метју Пери зад себе остави огромно богатство кое се брои во милиони долари. Тој добивал 800.000 долари по епизода во сезоните 7 и 8 на „Пријатели“, и до 1 милион долари по епизода во сезоните 9 и 10.
Се проценува дека за улогата на Чендлер Бинг заработил околу 90 милиони долари.
Како што пренесуваат странските медиуми, се претпоставува дека тој во моментот на смртта имал околу 120 милиони долари. Освен тоа, Метју Пери бил познат и на пазарот на недвижности во Калифорнија, па во периодот од 2015 до 2021 година продал дури четири имоти, од кои секоја вредела повеќе од 10 милиони долари.
Со оглед на тоа дека Метју Пери немаше деца и не беше женет, целото богатство им припаѓа на неговите родители Џо Бенет Пери (кој и самиот е актер) и неговата мајка Сузан Ленгфорд.
Во една прилика, актерот се осврна на незгодното прашање за смртта.
„Кога ќе умрам, знам дека ќе се зборува само за Пријателите. И јас сум среќен поради тоа, среќен сум што завршив добра работа како актер, но кога ќе умрам, би сакал повеќе да се пишува за тоа колку им помагав на другите“, изјави Метју пред неколку години.
Ѕвездата на „Пријатели“ беше пронајден мртов во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес. Актерот имаше 54 години.