Метеж на „Богородица“ за влез во Грција

by Fokus

Зголемена фреквенција на возила има утринава за излез на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија, информираат од АМСМ.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП ‘Богородица’ за излез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“ – стои во извештајот за состојбата на патиштата кој АМСМ утринава

Камерите на граничните премини на Јавното претпријатие за државни патишта прикажуваат дека за влез во Грција од македонска страна на границата голем број на возила чекаат распоредени во пет колони, од кои поголем дел се со возила, а само една е со камиони.

Поврзани новости