Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Според УХМР, максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 25 Целзиусови степени, во Маврово 17, во Охрид 20, во Битола 22, во Крива Паланка 23, во Берово 22, во Кавадарци 26, во Дојран 27…
И утре ќе имаме сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 17 до 28 степени.