590
Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната од 21 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината со пообилни врнежи.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури.