Локално облачноста која ја зафати нашата државава услови и послаби локални врнежи од дожд и тоа на истокот од државата. Што се однесува до времето денеска во нашата држава и тоа особено во источната половина ќе има повеќе облачнст со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.
Во останатите предели и тоа особено во западната половина од државата ќе има и сончеви периоди. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
Потоа во текот на утрешниот ден ќе имаме сончево време со умерена облачност, иако локално не се исклучува можноста и за нешто повеќе облачност и помали услови за сосема слаб локален дожд.
За време на викендот повторно има услови за слаби локални врнежи од дожд. Исто така за време на викендот ќе започне да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој особено долж Повардарието ќе засилува по интензитет. Температурите на воздухот и понатаму нема значително да се менуваат што значи преку ден ќе имаме релативно пријатно време.
Подготви: Славчо Попоски