547
Времето денеска ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени, a УВ-индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје ќе биде облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со услови во делови од скопската котлина процесите да бидат во форма на невреме.
Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
В сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.