Метео анализа: Стабилно и суво – за викендот повеќе облачност и услови за врнежи

by fokus

И во следните неколку денови, нашата територија ќе биде под влијание на стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Истиот утре и тоа особено Долж Повардарието ќе биде засилен по интензитет.

За време на викендот ќе има повеќе облачност, особено во недела попладне и навечер се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

- Advertisements -

Овие денови минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, понекаде истите ќе се спуштат и до околу -10 степени, особено на повисоките и планинските места и под -10 степени. Максималните дневни пак ќе бележат тенденција на не многу голем пораст и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости