Енергетската криза прави притисок во сите сектори во македонското стопанство. Државната помош помага за ублажување на последиците, но од некои сектори реагираат дека воопшто ја нема.
Марија Дуковска Павловска, менаџер на компанија од челичната индустрија забележа дека владините мерки се селективни и оти се соочуваат со тешки предизвици од енергертската криза. Трошоците за струја во август и септември биле 70 отсто од целокупните трошоци.
– Не само што доцнат, мерките ги нема. Селективно е дадено. Да, разбираме дека треба повеќе за прехранбената индустрија, но ако оваа базична индустрија не се поддржи, инпактот кој ќе го има, а се гледа подоцна, за година од сега ќе биде многу поголем од она што може да се претпостави, истакна Дуковска Павловска.