Мета задоволен од предлогот Албанија сама да продолжи по патот кон ЕУ

by fokus

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвојат Албанија и Македонија на патот кон ЕУ со што на Албанија ќе и се овозможи да напредува, објави Еурактив.

Минатата недела, бугарскиот евроамбасадор во ЕУ, Румен Александров рече дека неговата земја нема да го симне ветото за Македонија, но дека Албанија треба да се раздели и да се процени независно. Дополнително, тој рече дека Бугарија дала неколку предлози за тоа како Северна Македонија може да ја ублажи ситуацијата, вклучително и спроведување на Договорот за пријателство меѓу двете.

На предлогот на Бугарија реагираше Мета и го поздрави ставот на Бугарија која предлага што поскоро почеток на преговорите за членство на Албанија во Европската унија.

Тој додаде дека е убеден дека Северна Македонија постигнала „огромен напредок во спроведувањето на реформите и постигнувањето историски договори како оној во Преспа“.

„Го поздравувам достоинствениот однос на македонските власти да продолжат непоколебливи во проевропскиот курс на реформи кои им служат на граѓаните и на аспирацијата за членство во ЕУ“, заклучи тој.

Поврзани новости