Мета во паника: Состојбата со Ковид-19 оди кон национална катастрофа

by Fokus

Албанскиот претседател Илир Мета ја обвини владата на премиерот Еди Рама во врска со преземените мерки против Ковид-19 и процесот на вакцинација нагласувајќи дека ситуацијата оди кон национална катастрофа. Тој ја повикува владата да ги стави граѓаните во прв план.

-Во услови кога пандемиската состојба е значително отежната, криминал зголемените случаи на заразени и изагубени животи да се третираат како статистика. Само вчера се регистрирани 18 починати и според извештаите на терен, на секои 13 минути пристигнува брза помош во инфективната клиника,напиша Мета.

Тој вели дека нема конкретен план за вакцинирање на граѓаните, нема подобрени услови во болниците, нема ефикасни мерки за спречување на ширењето на пандемијата кај населението.

Оценува дека ситуацијата оди кон национална катастрофа, која мора да се спречи без да се губи време.

– Ситуацијата оди кон национална катастрофа, која мора да се спречи без да се губи повеќе време. Секој изминат ден значи повеќе последици по здравјето и животот на граѓаните, чијашто заштита треба да биде наш апсолутен приоритет. Пропаганда што си игра со животот на Албанците не може и не смее да се случи, додава тој.

Поврзани новости