Мета: Треба да имаме корист од позитивниот момент на Северна Македонија

by fokus

Албанскиот претседател Илир Мета коментирајќи ја состојбата во неговата земја, високо ги оцени проевропските ставови на неговиот колега претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во надминување на одредени прашања.

– Треба да имаме корист од позитивниот момент што Северна Македонија го постигна со Преспанскиот договор. Многу важно и за Албанија и за Северна Македонија е да ги отворат преговорите со ЕУ не само поради многу битното соседство, туку и заради одличното лидерство што го покажаа премиерот Заев и претседателот Пендаровски, како и за Албанците во Северна Македонија, кои беа извонреден фактор за европската интеграција на таа земја, но исто така и за нејзиното членство во НАТО, изјави Мета.

Мета го повтори веќе кажаниот став дека не треба да се губи време, бидејќи пред албанските граѓани и Албанија претстои значаен датум 17-18 октомври кога Советот на Европа треба да донесе одлука за отворање преговори со ЕУ, бидејќи, како што вели, на 19 октомври ќе биде предоцна за се.

– Неопходно е да бидеме многу одговорни и искрени пред Албанците, барем јас како претседател на Република Албанија, Рама како претседател на Владата и исто така сегашното владеачко мнозинство, секако, Баша како лидер на опозицијата, дека ако пред овој датум, односно 17-18 октомври не стигнеме да организираме сеопфатни локални избори, а во исто време не најдеме формула за надминување на оваа криза, есенскиот тест нема да го положиме, оцени Мета.

Поврзани новости